Шест македонски граѓани од Молдавија патуваат кон Бугарија

by Fokus

Шест македонски граѓани  ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакуирани сите граѓани кои ќе побараат помош, додава министерот.

Претходно МНР информираше дека две наши семејства кои се наоѓаат во украинскиот град Одеса ќе се евакуираат преку безбедносен коридор обезбеден во координација со Бугарија која има Генерален конзулат токму во тој град и најави дека се очекува во текот на денот тие да пристигнат во Бугарија.

До останатите наши државјани во Одеса МНР апелираше да се упатат во бугарскиот конзулат таму бидејќи сè уште има активни коридори за евакуација.

До останатите македонски државјани што се наоѓаат во другите градови во Унгарија, пак, Министерството апелираше доколку се во можност да се упатат во генералните конзулати на Романија и Унгарија во западниот дел на Украина бидејќи и со нив е воспоставена соработка и ќе им се пружи дополнителна помош.

Оние кои не оставиле свои податоци, МНР побара веднаш да се јават во Министерството за да дадат прецизни информации за нивната локација со цел да се овозможи и нивна побрза евакуација.

Дежурниот телефонски број кој постојано е активен во МНР е: +389 75 273 732.

Поврзани новости