Седум македонски државјани меѓу кои и дете заглавени во судирот во Бањска на Косово, бараат помош

by Fokus

Група македонски граѓани се исто така заглавени во српското село Бањска на Косово, каде цел ден трае вооружебниот судир помеѓу сѐ уште непозната група и косовската полиција.

ТВ Телма објави дека тие се обратиле до редакцијата и бараат помош за нивно извлекување од селото и дека се многу исплашени затоа што ситуацијата од час во час се влошува.

Шест возрасни лица и едно малолетно дете се заглавени во Косово, а тие уште од утрото контактирале со македонската амбасада во Приштина, од каде што им била ветена помош, но таа до сега не пристигнала.

Тие исто така се во комуникација и со косовската полиција, но засега остануваат заглавени во опсаденото село.

Покрај нашите граѓани, во селото исто така заглавена е и група од педестина верници од Нови Сад. Според српските медиуми, тие се заклучиле во манастирот, околу кој постојано се слушаат истрели.

Поврзани новости