46-годишен жител на тетовското село Желино е повикан на распит во полициската станица во Тетово откако полицијата затекнала 9 танчерки во неговиот угостителски објект.
„На 28.09.2018 година од 24,00 до 02,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишeн жител на ова село. При контролата, во објектот затекнати се девет женски лица ( пејачки и танчерки ), од кои три од Република Албанија и шест македонски државјанки. Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка“, велат од МВР.