409
Шест лица загинаа денеска во пад на мал приватен авион во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија локалните власти.
Авионот, Цесна Ц550, се урнал околу 4:15 часот по локално време во близина на аеродромот Муриета, југоисточно од Лос Анџелес, изјави за АФП американската управа за цивилна авијација (ФАА), која учествува во истрагата.
Полицијата која била испратена на местото на настанот го пронашла авионот зафатен во пожар како и загинатите патници, чиј идентитет не е соопштен.
Авионот полетал од меѓународниот аеродром во Лас Вегас, соопшти ФАА.
Неговиот пад предизвикал мал пожар, кој брзо бил изгаснат, велат пожарникарите.
Американските медиуми јавија дека во областа на несреќата имало густа магла.