320
Шест лица загинаа во експлозија во фабрика за експлозиви во централна Русија, јавува АФП, повикувајќи се на руски државни агенции.
Според нив, во експлозијата се повредени две лица.
Експлозијата се случила во фабриката Промсинтес во областа Самара, пишува РИА новости
Експлодирала цевката за довод на азот, а несреќата се случила за време на рехабилитациските работи, објави „Газета.ру“
Промсинтес е еден од главните производители на индустриски експлозиви во Русија и ЗНД.