Шест лица загинаа при уривањето на хотелот за карантин во Кина

by fokus

Најмалку шест лица загинаа откако вчера се урна петкатен хотел во кинескиот град Гуангжу.

Хотелот служел како карантин за болни од новиот коронавирус, каде за време на несреќата биле сместени 80 луѓе. Деветмина успеале да побегнат, а другите останаа под урнатините. Спасувачите успеале да извлечат 42 луѓе, од кои едно лице е во критична здравствена состојба.

Во спасувачката акција учествуваат 848 пожарникари со 169 машини и седум кучиња-трагачи.

Се уште не е позната причината за уривањето хотелот, а истрагата е во тек. Сопственикот на хотелот е приведен.

Поврзани новости