478
Полицијата уапсила шест лица кои синоќа околу 23 часот во Младеновац учествувале во тепачка во која е убиен маж (47), изјавија од МУП за Н1.
Според пишувањата на медиумите, убиен е Д.А.(47)од Младеновац.
Уапсените се осомничени дека синоќа до смрт претепале маж во ресторанот „Панорама“, наводно поради расправија за музиката.
Неофицијално, тој починал еден час подоцна од удар во главата, објави порталот „Телеграф“.
Истрагата е во тек.
Наредена е обдукција на телото на убиениот, кој во Младеновац е познат под прекарот „Дуле Пежо“, наведува порталот.
Осомничените во полиција ќе бидат задржани до 48 часа.
За случајот е известено и надлежното обвинителство.