Шест лица повредени при судир на два автомобили

by fokus

На крстосницата од булеварот „Св.Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „мерцедес ц200“ управувано од К.А.(52) од село Никуштак, кумановско и второ возило „мерцедес“ управувано од Г.П.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатник од возилото со кумановски регистарски ознаки, Џ.А.(52) од с.Никуштак, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници, исто така, од возилото со кумановски регистарски ознаки, констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во приватна медицинска установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости