699
На граничниот премин „Деве Баир“ шест лица се фатени со фалсификувани негативни ПЦР-тестови. Како што пренесоа од Министерството за внатрешни работи, околу 15 часот, биле лишени од слобода шест лица од кои пет од Скопје и едно од Кавадарци.
„Се работи за Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина“, соопштија од МВР.