Шест кандидати во трка за ректор на УКИМ

by Фокус

Шест кандидати влегуваат во трката за ректор на УКИМ.

Kандидати за нов ректор се Билјана Ангелова од Економскиот институт, Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, неговиот колега Ратко Дуев, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информатички технологии, од каде што доаѓа и нејзиниот колега Димитар Ташковски.

Универзитетската изборна комисија на состанок ги разгледа и ги прифати сите шест пријави на кандидатите за нов ректор на УКИМ, кои стигнале пред завршувањето на крајниот рок.

Гласањето за нов ректор на најстариот универзитет во земјата е закажано за 30 мај, од 14 до 16 часот, на сите 23 факултети и 5 институти.

Поврзани новости