Шест години правна битка со ФЗОМ: Фондот не сака да ги покрие парите за продолженото лекување

by fokus

Семејството на 33 годишната Сања Кухар која пред девет години настрада во сообраќајна несреќа, цели шест години води правна битка низ лавиринтите на системот, за Фондот за здравство да им врати половина од трошоците за операцијата која била извршена во Германија. Покрај борбата со тешката здравствена состојба на нивната ќерка која била прегазена на пешачки премин  кога имала 24 години, ова семејство поминува низ голгота за како што велат, да им бидат вратени 30. 000 евра, пари кои се потрошени во продолженото лекување во странство.

Владанка Кухар, мајката на Сања, за емисијата ПРОЦЕС на НОВА раскажува низ што се поминале од моментот на несреќата, од периодот на кома, па се до моментот кога повторно била во животна опасност кога поради повредата на главата било констатирано присуство на воздух во мозокот.

„Лекарите тука велеа дека состојбата ќе се среди. Само др. Дамјановски рече дека може да ја оперира, но само со неговите две раце бидејќи на Клиниката за неврохирургија нема  услови за такво нешто. Тогаш ние се обративме во три странски болници и од таму експресно добивме идентичен одговор, дека мора итно да се оперира бидејќи животот и е во опасност“, вели за НОВА, Владанка Кухар.

По ова, добиле конзилијарно мислење за да отпатуваат на операција во Германија и ФЗОМ  уплатил 30. 000 евра, сума која што ја добиле по фактура од баварската болница. На Сања, која е врзана за кревет не и бил доделен придружник, а специјалниот превоз со медицинско возило семејството го платило 7 илјади евра.

Но како што во медицината никогаш 2 и 2 не се 4, покрај неврохируршката операција таму се утврдило дека операцијата е покомплексна и биле вклучени и пластични хирурзи. Во делот на повредата каде што немало дел од черепот била ставена вештачка коска и кожа, нешто што во нашата држава не било возможно да се направи. Продолженото лекување чинело уште 30. 000 евра, кое подоцна станува предмет на тужбата на семејството Кухар кон Фондот.

Оттогаш почнува одот по маките низ лавиринтите на системот и спрегата меѓу Управниот Суд и ФЗОМ што трае шест години, период во кој Управниот суд носи 4 позитивни одлуки во нивна корист, а Фондот за здравство ги обжалува.

Целата сторија и емисија погледнете ја овој линк.

Поврзани новости