585
Шеснаесетгодишно момче со нож го прободел својот соученик во стомакот во училишниот двор каде што и двајцата учат, информираа од МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16 годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според информациите од полицијата, на 10 април, годинава околу 13,00 часот во училишниот двор од средно училиште од Скопје по претходна вербална расправија со негов врсник Ф.Р. пријавениот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот.