397
Дваесет и двегодишен велешанец заедно со 16-годишно момче ограбиле сограѓанка од која одзеле 70.000 денари.
-На 09.11.2018 година лишени се од слобода Е.М. (22) и 16-годишно лице затоа што истиот ден околу 07.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената. По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.