431
Шеснаесетгодишно момче од село Саса, Македонска Каменица, вчера било тешко повредено во сообраќајна несреќа. Момчето се возело на моторцикал, кој се судирил со автомобил.
-Во 15,30 часот на локалниот пат село Моштица – Македонска Каменица, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Томос“ управуван од 16 годишно лице од село Саса-Македонска Каменица и патничко моторно возило „Поло“ управувано од Д.М.(21) од селоТодоровци-Македонска Каменица. Во незгодата возачот на моторциклот се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во амбуланта во Македонска Каменица е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.