Момче на возраст од 16 години доцна попладнево се удавило во Преспанското езеро во Претор. Од МВР за Фокус потврдуваат дека инцидентот го пријавиле од Итната медицинска помош во полициската станица Ресен.
-Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби, соопштуваат официјално од МВР.
Како што пишува Нова Македонија повикувајќи се на очевидци момчето се удавило додека тој со уште двајца други се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.
Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.
Но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата по удавеното дете.
Според тие кои го познавале момчето станува збор за жител од селото Јанковец, Ресен.