465
Шеснаесет лица загинаа во уривање на општинска менза во кинеската метропола Чонгкинг по експлозија на гас, јави државната новинска агенција Ксинхуа, цитирана од ДПА.
Повредени се 10 лица.
Според првичните податоци, по експлозијата, под урнатините на мензата, која ги опслужувала соседните општински канцеларии, биле затрупани повеќе од 20 луѓе.