651
Воислав Шешељ се повлекува од политиката, изјави тој за порталот Б92. Тој вели дека на следните избори партијата ќе ја води друг претседател.
-Сега сум во прилично лоша состојба. На новите избори најверојатно партијата ќе ја води нов претседател. Не се чувствувам добро, а српскиот народ веќе двапати ме отфрли на изборите и тоа го видов како крајно време за да се повлечам, изјави Шешељ за порталот „Ало“.
Прашан дали мисли дека има притисок од странски амбасади да не биде во парламентот по пресудата од Хаг, Шешељ вели дека размислувал за тоа, но нема докази за таква теза.