Шерифот го повика Трамп да се предаде и да оди во затвор

by fokus

Со оглед на тоа што Големата порота вчера го потврди обвинението за рекетирање, властите во Џорџија не губат време: шерифот на округот Фултон, Пат Лабат денеска го повика поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се предаде во затворот во округот Фултон, заедно со уште 18 други обвинети во случајот со претседателските избори во Џорџија во 2020 година.

Тоа е многу пред 25 август, крајниот рок даден на Трамп и на уште осумнаесет други од обвинителката Фани Вилис. „Обвинетите учествувале во криминално рекетирање за да ги поништат резултатите од претседателските избори во Џорџија“, рече окружниот обвинител на округот Фултон.

Афроамериканскиот обвинител тврди дека обвиненијата не се политички мотивирани, но Трамп тврди дека се и дека доказ е тоа што тие не се донесени пред три години, туку сега, среде неговата кампања.

„Тој се уште не е осуден. И тој е невин додека не се докаже вината“, изјави Скот Џенингс, поранешен специјален помошник на претседателот Џорџ Буш.

Поврзани новости