За две недели ќе се распише тендер за набавка на филтри за РЕК Битола, најави на трибина во Битола, министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа кажа дека се обезбедени средства за тоа и истовремено го најави отворањето на рудникот Живојно кој треба да го продолжи животниот век на РЕК Битола.
Министерката Шекеринска појасни дека веќе се почнува и постапка за енергетска транзиција односно преминување од јаглен на гас или искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија.
„Од целосно производство на јаглен кој е добар, но лош за животната средина, постепено правиме транзиција и во РЕК Битола ќе биде инсталирани сончеви панели од 20 мегавати за производство на електрична енегрија“, вели Шекеринска.
РЕК Битола од петокот го исклучи Блок 1 кој повторно утре ќе биде вклучен во мрежата. Исклучувањето, како што соопштуваат од АД ЕЛЕМ, е заради зајакнување на неговата оперативност.
Како што наведуваат во соопштението, производството на електрична енергија продолжува од останатите два блока на РЕК Битола.
-Целокупните потреби од електрична енергија во периодот додека Блок 1 е икслучен, АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи и од хидроенергетскиот потенцијал, како и останатите производствени капацитети на компанијата, наведуваат од АД ЕЛЕМ.