Шекеринска: Во 2001 година сите мислеа дека албански јазик е крај на државата

by Fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска на конференција од Охрид говореше за 20-годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Таа посочи дека мирот била посакувана опција од сите страни и дека проблемите мора да се решат веднаш штом се појават.

„Охридскиот договор не се обидуваше да биде амбициозен во прашањата како: кохезија, борба против стереотипите. Во 2001 сите знаеја дека ништо нема да успее. Мислеа дека нема да се собере оружјето, дека албански јазик е крај на државата, дека избран командир на полиција од општински совет е крај на татковитната. Сите велеа дека Албанците нема да ја сметаат државата за своја. Гласните песимисти не беа во право. Се покажа дека мирот е посакуван. Денеска треба да зборуваме за духот на Охрид. Тоа беше лекција – дека проблемите треба да ги решаваме кога ќе ви се појават“, истакна Шекеринска.

Поврзани новости