564
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Македонија во НАТО порача дека можно е да има пресврт во односите со Бугарија.
„Охрабрувачки е дека можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив. Бугарија се доведе во ситуација да не блокира нас и Албанија, но на некој начин да се блокира и себе си“, истакна Шекеринска.