404
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска направи свој осврт на сработеното од 2018 година. Преку својот Твитер налог, го повика граѓаните, сите заедно да го кренат македонското знаме во НАТО.
„Во 2018 година се фокусиравме на иднината на Македонија како членка на европското семејство. Знаеме дека 2019 година мора да биде година за домашните реформи. Ве повикувам сите заедно да го кренеме македонското знаме во НАТО. Ви посакувам среќна Нова 2019 година“, напиша Шекеринска на својот Твитер.