492
Последните случувања во Косово испратија јасна порака за регионот, смета министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска.
Таа исто така додаде дека нема потреба за евентуална загриженост во редовите кај населението во Македонија.
„Тоа што се случуваше на Косово мислам дека испрати две пораки до нас овде. Прво, дека живееме во регион каде безбедноста се уште е тема и мал проблем може да предизвика голем страв. Втората порака е дека со право, фокусот во изминатите две години го ставивме на нашето членство во НАТО, кое и политички во вакви моменти може да ја испрати пораката на стабилност. Не е добро кога во нашето соседство се случуваат вакви работи, но факт е дека нашата безбедност е во целост гарантирана“, истакна Шекеринска.