Шекеринска: Убедена бев дека ќе има сериозна реакција на законот за дивоградби

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска коментирајќи ја снимката од Конгресот на СДСМ во која таа вели дека има проблеми кои се премолчуваат, го посочи Законот за дивоградби.

-Не мислам дека тие се генерални, туку конкренти прашања, кои ако не ги дискутираме, има луѓе кои мислат дека ќе исчезнат. Еве ќе ви кажам една работа за која изгубивме многу енергија. Тоа е законот за дивоградби. Секоја сериозна партија треба да има различни ставови и јас тоа многу го почитувам, Со сето искуство во урбаните средини,  веќе прашањето не е ајде нешто да направиме, туку тоа да личи на присторен живот. Убедена бев дека ќе имаме сериозна реакција на граѓаните. И тоа се случи. И затоа велам тоа што некои луѓе премолчија дека ќе има проблем, не го реши проблемот, напротив, туку не натера да излеземе и потоа да се повлечеме, вели Шекеринска.

Поврзани новости