Шекеринска: Треба успешно да се справиме со старата замка, старата опасност, а тоа е еден дел од граѓаните да велат сите се исти

by Fokus

Радмила Шекеринска, министерка за одбрана и веќе поранешна потпретседателка на СДСМ  во Утрински
Брифинг на Слободна тв говори за состојбите во СДСМ и за текот на 26. Конгрес на партијата ги освежи своите редови.

-Во слобода и во услови на слободни медиуми не е многу атрактивно и и интересно да фалиш партија на власт, особено кога има кадровски конгрес и тоа е вообичаено. Секогаш, сите сакаме да мериме што можело подобро да биде, но тоа не треба да биде фокусот на загриженост или интерес на СДСМ. Вообичаено во осумгодишен период на партија која треба да биде на власт имате неколку стандардни предизвици. Една од нив е замор на материјалот. Тука не мислам само на луѓето кои ги мобилизарате и за потребите постојано да внесувате свежа крв. Мислам дека и нашиот рецепт кој успеа во 2016, успеа бидејќи покажа дека СДСМ не е само структурата, туку дека за победа на продемократски, проевропски, прослободарски сили ни треба тој додатен елемент. По мене СДСМ тоа секогаш треба да го прави, изјави во Утрински брифинг, министерката за одбрана и доскорешен заменик претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Според неа кадровските се полесните прашања, за разлика од политичките кои се главни предизвици.

– Кога кажувам замор на материјал тоа не е материјалот на луѓе. Замор на материјал, најпроблематичен за партии на власт е во способноста да продуцирате добри идеји. Кога си во опозиција немаш друга работа освен да собираш луѓе и да размислуваш. И тие идеји горе доле се јасни кога ќе дојдете на власт и тогаш моторот на идеја на желба нешто да промениш е многу силен. Сега тој мотор мора да се нахрани со нови идеји и мислам дека тоа е една од главните задачи не само на СДСМ. Вториот дел које важен и специфичен е успешно да се справиме со старата замка, старата опасност, а тоа е еден дел од граѓаните да велат сите се исти. На прв поглед можеби изгледа дека убиствено и за ВМРО и за СДСМ и за другите. Но според моето искуство ова е убиствено само за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја носи својата стандардна гласачка машинерија што помалку им замера за некои грешки, додека кај нас како течат годините лупата е се поблиску до нас, вели Шекеринска.

Таа не смета дека во структурите на СДСМ влегле луѓе со половично работно време.

-Такви нема. Партијата помина низ еден тежок период од 11 години. Ако за толку време не сме виделе на кого можеш да се потпреш, а на кого не, навистина ништо не сме научиле. Не мислам дека во формалната структурата на СДСМ има такви луѓе, но факт е дека ова е еден од предизвиците. Прашањето е дали нашето уво, политичкото време, капитал повеќе ќе го  трошиме на луѓе кои поаѓаат од позиција интерес или од оние кои што поаѓаат од позиција на идеја. Овој тест е еден од важните – тест на карактер на СДСМ, изјави за Утрински брифинг Шекеринска.

Шекеринска се осврна и на третиот нов предизвик за СДСМ.

-Класичните идеолошки партии постојат, но се под постојан тест и во одредени држави во повлекување. Првите знаци за такво нешто беа уште пред неколку години. Тие испити ги положивме. Она што се случи на пример сега во Хрватска на изборите – тоа се предизвиците. Тие граѓански иницијативи се хранат од наративот – сите се исти, смета Шекеринска и додава дека политичките партии се помалку треба да работат на целосно единство, а се повеќе на коегзистенција.

-Јас бев вицепремиер за европски прашања во еден многу важен проект кој што успешно заврши – кандидатски статус. Почнав на 30 години. Искуството е важно, годините се важни, но немора ти да го имаш искуството ако знаеш да се вратиш назад, да прочиташ, да чуеш, да анаизираш. Дебатата не треба да ја сведеме на прашање на години, но факт е дека и во врвното раководство има луѓе со искуство – дел животно, професионално, партиско. Тоа на СДСМ како и на другите партии им треба, вели Шекеринска.

Таа нагласи дека во составот на ИО на СДСМ има многу луѓе кои навистина постигнале многу во својата кариера, во животот, плановите, партиски и не само партиски.

– Вчера беше годишнина од 17 мај, кој се смета за симбол на новот време кое дојде. Кога ќе се сетам колку време за секој детаљ вложивме дека различните групи, поединци да чувствуваат дека не ги презела уздите СДСМ, туку дек ае тоа заеднички проект нема д ами верувате. И со Преспанскиот договор и со тешките политички моменти, успеавме заради тоа што и на власт го сочуваме тој капацитет дека лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон „шефовите“, вели Шекеринска.

Целиот разговор погледенте го во видеото:

Поврзани новости