Шекеринска се искачи на Бушева планина и од таму го честита Денот на независноста

by fokus

Минисерката за одбрана, Радмила Шекеринска, го честиташе државниот празник Денот на независноста од врвот Мусица на Бушева планина кај Крушево, кој денеска го искачи заедно со морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО.

-Патот не беше лесен, но заедно без откажување стигнавме до целта. Сакаме ова заедништво и истрајност да го искористиме за државата да чекори напред – изјави министерката на врвот на Мусица кој се наоѓа на 1788 метри надморска височина.

Таа додаде дека целта била прославата за 8ми септември да не биде типична и заедно со многумина граѓани од Крушево и регионот, вработени во МО и АРМ, партнери од НАТО ,воени aташеа и дипломатскиот кор, да се тргне на пат кон еден врв во Република Македонија.

-Сакам на граѓаните на Република Македонија да им посакам следните 26 години да имаме поголема благосостојба и стабилност. Во 26-те години независност поминавме низ добри и тешки моменти, но покажавме дека кога се има иста цел, кога сме упорни и истрајни, таа цел е достижна. Денеска ни треба заедништво околу нашата заедничка стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ – порача Шекеринска.

Шекеринска и Бартол беа придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото кралство Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“ и голем број граѓани на Крушево.

 

Поврзани новости