Шекеринска–Санино: Време е ЕУ да го направи следниот чекор

by fokus

Северна Македонија испорача резултати. Тоа го потврди и Извештајот на Европската Комисија, која ги пофали нашите резултати во реформите, транспарентноста, борбата со корупција, институционалниот развој. Сите тие резултати макотрпно ги обезбедивме, со многу работа и посветеност, соопшти на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во Брисел се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино.

Шекеринска, како што информира Министерството за одбрана, порача дека процесот на пристапување не може и не смее да се одолговлекува бесконечно. Тоа е, како што се наведува, единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во европските процеси.

Генералниот секретар Санино порача дека Европската служба за надворешно дејствување целосно и недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и на регионот и дека очекува пристапните преговори да започнат што е можно поскоро.

-Вие испорачавте, сега наша задача е да го направиме следниот чекор, рече Санино на средбата.

Поврзани новости