960
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска објави дека првата композиција со инженерски машини е пристигната во Криволак. Таа најави дека се подготвува теренот на полигонот за големата вежба „Одлучен удар 21“.
-Нашите инженерци заедно со 15-тиот инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21”, која ќе започне на средината на мај. Македонската Армија и Армијата на САД заедно на Криволак ќе изградат патишта, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта, полетно-слетна писта за беспилотни летала. Тоа е предноста на сојузништвото!“, напиша Шекеринска на фејсбук.