Шекеринска: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за закон во кој се смени името на Армијата

by fokus

Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ прво гласале за закон во кој се сменило името на Армијата, а кога дошол на ред законот за одбрана тие измислиле приказна дека се против промена на името.

-ВМРО-ДПМНЕ гласаше за закон во кој името на Армијата се прилагодува со уставните измени за името. За овој закон не беше потребно двотретинско мнозинство, а пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа. Кога дојде на ред законот со кој НАТО ќе може да и помогне на Македонија, вие измисливте приказна дека сте против промена на името на Армијата. На крај ваша пратненичка тргна да се пресмета со колешка зашто тоа го кажа на говорницата. Не сакам да верувам дека овој собраниски состав почна со насилство од ВМРО-ДПМНЕ и заврши со насилство од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.

Поврзани новости