Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 одговорајќи на прашањето на што точно мислела кога напиша порака до своите сопартијци дека не треба да дозволат да ги замолчат, рече дека таа секогаш е за тоа прво да се кажуваат болните работи.
-Можеби дискусијата што и ние ја водевме на Конгресот, беше вовед во тој мој коментар. Гланиот тест за секоја демократска држава се демократски партии. Но, не демократски од типот кој како е избран. Тоа е систем, може да биде подобар или полош. Прашањато е дали во тимот, во партијата и во државата ќе говориме отворено или ќе молчиме организирано. Оваа држава падна кога сите почнаа да молчат, кога новинарите почнаа да се плашат… Не дека тоа го гледам сега во СДСМ. За жал во сите партии постојат таканаречните политички кујни. Тие политички кујни една добра работа на својата партија не и донеле. Но, секогаш ги има. Тоа се луѓе кои нема да донесат додадена вредност. Овие луѓе нема да седнат и да ви пишуваат програма, ништо од типичните партиски работи кои јас ги ценам. Тие политички кујни служат да направат тема која не постои за потоа да се пласираат како браниели на партијата. Кога зборуваме во рамки на партијата јас барам лојалност кон тимот и давам лојалност : Првата задача на лојален член е да ми ја каже вистината, каква и да е. Јас го зборувам тоа што го мислам, и очекувам сите кои работат со мене прво да ми го кажат она што боли. Мојата сугестија е дека за сите теми кои болат мора да се дискутира. Прва задача е СДСМ повторно да не им дава простор на политичките кујни да не доминираат, порача Шекеринска.