Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на денешната посета во Велес, промовираше повеќе мерки кои би ги спроведила партијата ако победи на декемвриските избори.
Шеќеринска вели дека главен фокус на партијата е изнаоѓање решенија за невработеноста, бидејќи како што рече, половина милион граѓани во земјава живеат под границата на сиромаштија.
-Главна порака на СДСМ е повеќе работни места, за младите, но и за останатите. Една од мерките е враќање на 15 отсто од вкупно платениот ДДВ. Секој кој плаќа сметки, 15 отсто од вкупно платениот ДДВ ќе ги добие назад, во семејниот буџет. Првата мерка која ќе ја воведеме е зголемување на минималната плата веднаш на 12.000 денари, за сите сектори во економијата. Исто така, 20 до 50 милиони евра од буџетот ќе ги насочиме кон малите и средни домашни фирми, ќе влијаеме на обезбедување подобри работни места, кои нудат шанси за достоинствен живот. Ова ќе го правиме по декември по промената на власта- изјави Шекеринска.