404
Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека поголема слабост на Владата се одредени функционери, отколку министри.
Реконструкцијата е добра шанса некои функционери да завршат во немилост. Тимот мора да продуцира постојано резултати. Реконструкцијата на Владата ја одложиле поважни прашања и се прават анализи. Сакаме да се прошири и парламентарното мнозинство бидејќи има одреден број партии кои сакаат да влезат во Владата, разговараме на повеќе фронтови, рече Шекеринска.