Шекеринска: Погледнете ги лицата на првите луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, бараат избори, а се молат да не ги добијат

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, изјави денеска дека СДСМ сериозно ќе ја разгледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори.

-Но за вас ќе биде поинтересно да го прегледате видеото од барањето на ВМРО-ДПМНЕ и да ги следите ликовите, тие ликови на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат порака „бараме избори и се молиме и се надеваме дека нема да ги добиеме“. Ја дадоа таа иницијатива пет минути по важното гласање небаре сакаа со таа изјава да заборавиме дека Македонија успаела да реши проблем, бидејќи темата не им одговара – изјави Шекеринска.

Вицепремиерот, Бујар Османи, пак, порача дека целата политичка енергија треба да се фокусира на членството во НАТО и започнување на преговорите за влез во ЕУ.

Поврзани новости