Шекеринска: Платените или изманипулирани насилници мора да бидат казнети

by fokus

Насилниците од крвавиот четврток кои беа платени и изманипулирани мора да бидат казнати, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по денешното рочиште во кое му се суди на Панче Ангелов, обвинет за насилство врз неа и сегашниот премиер, Зоран Заев, што се случи во Собранието на 27 април.

-Насилството мора да биде казнето за да не се повтори. Оние кои беа платени или изманипулирани мора да сфатат дека беа искористени за извршување на тешки кривични дела. На овој ден беа повредени голем број од пратениците, но најголема повреда и беше сторена на Република Македонија – истакна Шекеринска по завршување на денешното рочиште кое се одложи за 6-ти октомври.

Поврзани новости