Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава.
– Не верувам дека човек треба да си прави планови пред да си ја заврши работата, изјави Шекеринска по посетата на армискиот полигон „Криволак“, каде направи увид во градежните работи кои се извршуваат на повеќе објекти и на активностите на обиколницата на полигонот.
Според неа, Македонија има одличен амбасадор во НАТО, кој е таму повеќе од една година и смета дека тоа е една од позициите каде гладаме колку е важно добри луѓе да бидат на вистински места, особено заради тоа што допрва го создаваме впечатокот за нова членка. Важно е, истакна таа, да имаме многу посилен тим во НАТО, што секој ден, како што рече, го засилуваме.