Шекеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата заменик-генсек на НАТO

by Fokus

Радмила Шекеринска од вчера и официјално ја презеде функцијата земник-генерална секретарка на НАТО. Ваква информација е објавена на официјалната веб-страница на Алијансата во сегментот „За нас“. Во делот каде што се споменува Шекеринска пишува:

„Радмила Шекеринска ја презеде функцијата заменик-генерален секретар на НАТО на 2 декември 2024 година. Како поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Северна Македонија, г-ѓа Шекеринска има огромно искуство како креатор на политики и создавач на консензус. Таа е шампион на родовата рамнотежа и постојан поборник за силни трансатлантски односи“

Се додава дека Шекеринска се приклучува на НАТО по истакната политичка кариера. Меѓу другото, се наведува дека како министерка за одбрана таа била клучна во подготовката на С. Македонија за влез во НАТО.

„Под нејзино водство, Северна Македонија го зголеми својот придонес во мисиите и операциите на НАТО, вклучително и во Авганистан, Косово, Ирак и засилено напредно присуство на НАТО во Латвија. Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО во 2020 година и успешно постигна целосна воена интеграција во НАТО за помалку од 19 месеци“ – се додава во биографијата на Шекеринска објавена на веб-страницата на НАТО.

Поврзани новости