Го сопревме трошењето на стотици милиони евра на споменици поставени на само стотина метри во Скопје во услови кога голем дел од општините во Македонија имаат нерешени основни услови за живот, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска од митингот во Гостивар. .
– Ние градиме со план, а не со импровизации или со планови во пет до дванаесет или, пак, планови кои некој политичар ќе ги диктира по телефон. Сакаме да го спречиме урбанистичкиот хаос и ќе имаме непомирлива борба со криминалот и корупцијата. Здравјето за граѓаните ни е на прво место и затоа ќе одвоиме дополнителни средства од Владата со кои ќе се овозможи поздрав живот, животна средина воздух и вода во општините. Ќе реализираме проекти насочени кон граѓаните со директна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, но и други проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните и за општините – рече Шекеринска.