Шекеринска: Обидите на ВМРО- ДПМНЕ да создадат чувство на хаос, не поминаа

by Frosina Fakova

Денес покажавме дека и во услови на пандемија, граѓаните и институциите покажувааат зрелост. Високиот одѕив кој го гледаме од раните утрински часови, покажува дека граѓаните знаат дека ова се избори кои ќе влијаат на правецот кој ќе го има нашата земја, изјави по гласањето носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 5, Радмила Шекеринска која гласаше во гимназијата „Георги Димитров“.

-Настаните во двата дена молк, нема да фрлат сенка на ова што се случува во главниот изборен ден. Обидите на ДПМНЕ да создадат чувство на хаос, чувство кои ги потсеќа на минатите избори, не поминуваат. Граѓаните денес излегоа за да покажат дека можеме и повеќе и подобро, рече Шекеринска.

Поврзани новости