Шекеринска: Ние не можеме да ја избереме бугарската влада и да го создадеме преговарачот од другата страна

by Fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ.

-Има еден дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избереме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме, одговори министерката Шекеринска денеска по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“, на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ.

Поврзани новости