469
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не планира да ги даде транскриптите од интервјуто за британската новинска агенција „Блумберг“, соопштија за „Мета“ од Министерството од одбрана.
– Министерката за одбрана нема намера да се меша во работата ниту на домашните, ниту на странските медиуми и оттаму воопшто не би сакале да го коментираме барањето на руското МНР за транскрипт – велат од МО.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера по повод интервјуто на Шекеринска изјави дека обвинувањата на сметка на Москва за наводното мешање во внатрешните прашања на Македонија се исконструирани и неосновани.