495
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во тек на посетата на САД оствари средба со секретарот за одбрана, Лојд Остин, прва на највисоко ниво со новата американска администрација.
Шекеринска го запознала министерот за одбрана на САД со тековните процеси во одбранбената сфера и ги истакна позициите на Македонија во геополитичките процеси во регионот. Потенцирајќи го успехот постигнат со членството на Северна Македонија во НАТО, посочила дека тој се должи на решителната политика, храбрите одлуки, но и на големата посветеност и работа во одбраната кои, во изминативе 30 години, носат и силен американски белег, информира во соопштение Министерството за одбрана.