Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашниот дуел со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека опозициската партија на почетокот на здравствената криза се потсмевала со опасноста, и тој тип на играње топло-ладно не е она што би дало резулати во справување со кризата.
-Во оваа тешка криза, едно нешто на кое граѓаните може да се потпрат, тоа е за прв пат довербата во начинот на кој се менаџира оваа криза. Тоа не сме го имале ниту еднаш досега. За прв пат имаме огромно мнозинство граѓани кои велат задоволни сме и имаме доверба во начинот на кој државата се справува со кризата. Причината за тоа е што владата не играше ситна политика, туку се потпре на експертите во областа. Тоа кај граѓаните создава верба. На самиот почеток на здравствената криза, токму ВМРО-ДПМНЕ се потсмеваше со опасноста. Тогаш Мицкоски велеше дека СДСМ ја измислува и зголемува кризата за да бега од избори. Дрва и камења фрлаа по Владата за прогласување на вонредната состојба. Тој тип на топло-ладно, лево-десно не води до резултати, рече Шекеринска.