524
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринската рече дека затворањето на Куманово каде што има голем број заболени, ќе значи трошење многу ресурси, а нема да го реши проблемот.
– Единствениот лек и инструмент, кој што го кажуваат сите експерти е социјалното и физичко дистанцирање на повеќе од два метри. Ние можеме со непробојни врати да го затвориме Куманово, ама ако излезете по кумановските улици и ако повторно видите гужва пред банки, маркети, во парк, луѓе кои не се заштитуваат дополнително со опрема, ниеден карантин нема да ве спаси од болеста, рече Шекеринска.