506
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашната дебата на телевизија Телма рече дека македонскиот народ нема да биде избришан од Преамбулата на Уставот.
-Македонскиот народ нема да биде избрашан од Преамбулата. Јас се сеќавам на лични дезинформации кои се ширеа и после 2001 година. Во Преамбулата ќе остане и македонскиот народ, и сите други народи. Се лутам кога за најважните прашања се шират лаги. Оние одлуки на АСНОМ кои се основи на нашата држава ќе бидат потврдени, рече Шекеринска.