Шекеринска: Македонија точно знае што сака, а тоа е да биде успешна!

by fokus

„Во моменти кога членствово во нато ни е на дофат, јасно е дека ови процеси ќе бидат независни. оваа ориентација е присутна во политичките програми на сите политички партии од осамостојувањето до денес“, порача министерката за одбрана, Радмила Шекернска на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека Македонија нема многу време за губење и според неа, оваа држава сака да биде успешна и да е дел од најмоќниот систем на колективна безбедност.

„Сега е моментот, сите, особено пратениците во Собранието. Со притискање на копчето „за“ ќе учествуваат во крупните чекори. Никој нема право да и ја одземе иднината на оваа земја. Граѓаните предолго чекаат добра вест. Во текот на овие разговори, Македонија ќе потврди дека целосно ги прифаќа одредбите. Доколку на политичка сцена преовладее разумно однесување, нашите очекувања се дека во првиот квартал на 2019 година ќе биде подготвен протокол за членство во НАТО. Македонија точно знае што сака, сака да биде дел од најмоќен систем на колективна безбедност. Македонија сака да биде успешна“, истакна Шекеринска.

Поврзани новости