Шекеринска кон ВМРО-ДПМНЕ: Лесно е да обвинувате, тешко е да помогнете

by Fokus

Четири години ги слушаме обвинувањата, а после четири години можеме да кажеме дека државата успеа во својот прв стратешки приоритет да стане членка на НАТО, смета министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Притоа таа вели, во овие турбулентни времиња кога многумина не плашат со промени на граници, со нон пејпери да обезбедиме на нашите граѓани и на нашите институции чувство за безбедност и сигурност.

-Наместо обвинувања, мислам дека би било корисно опозицијата барем еднаш да се потруди да ги помогне овие национални цели. Затоа што лесно е да се престроите пред Владата, пред Собранието кога ќе се дига знамето на НАТО, ама тешко е тоа да го сработите. Лесно е денеска да обвинувате, тешко е да помогнете. Денеска сме членка на најмоќната Алијанса. Денеска сме држава во која новинарите веќе не се плашат ниту да поставуваат прашања, ниту да ја критикуваат владата. Денеска сме држава со најголема транспарентност во нашиот регион и тоа не е дело на национално предавство, туку тоа е дело на луѓе коишто сакаат државата да ја направат подобра од што била вчера. Затоа мислам дека и граѓаните се заморени од обвинувања, сакаат да видат акција, а таа акција да не биде спротивна туку во полза на интересите, вели Шекеринска.

Поврзани новости