731
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска преку социјалните мрежи го честиташе роденденот на Армијата на Северна Македонија, која денеска одбележува 28 години од своето постоење.
„Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината. Чест ми е и гордост што годинава за првпат Денот на Армијата 18 Август го одбележуваме како членка на НАТО. Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана“, напиша Шекеринска.
Фото – Твитер налот на Радмила Шекеринска