617
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашната дебата на ТВ 24 го праша Александар Николовски која е аргументацијата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите кои ги бараат во август, односно како тогаш ситуацијата со корона вирусот ќе биде подобра отколку што би била во јуни.
-Кој експерт ни гарантира дека во август ќе немаме заболени и ќе немаме никави ризици? Еве јас сум прва што ќе речам да ги одложиме изборите. Но, сите најави од експертите велат дека ќе има втор пик. Дали тогаш граѓаните ќе сакаат да се занимаваме со лидерски средби, или пак да ги ублажуваме последиците од вториот пик?, вели Шекеринска.