Шекеринска: Ќе се трудиме да дебатираме и да прифатиме дека не сме секогаш во право

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување  на Топ тема на телевизија Телма зборува за стратегијата за реформи на новата влада.

-Не сакам да создаваме надеж дека наеднаш можеме да надоместиме за 11 изгубени години. Треба да се фокусираме на резултати кои ќе ги одблокираат преговорите. Сега различна е политичката волја. За секој од крупните реформски пакети нема да тргнеме со премисата „ни текна, ќе го напишеме“. Ќе се трудиме да дебатираме и да прифатиме дека не сме секогаш во право. Акцентот го ставаме на фундаметалните човекови права и прашањето на транспарентност, рече Шекеринска.

Поврзани новости