Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, им вети парична награда на војниците и старешните кои учествуваа во гаснењето на пожарите. На денешното обраќање по повод Денот на Армијата на Република Македонија таа порача дека непоколебливата посветеност и жртва заслужува да се вреднува.
-Превземам обврска, сите војници и старешини кои учествуваа во гаснењето на пожарите ќе бидат и парично наградени. Храброста не се плаќа со пари, но и грижата не смее да останува само на зборови. Храброста и херојскиот напор на нашите војници не смеат да поминат без признание – рече Шекеринска.
Јубилејот 25 години Армија на Република Македонија денеска свечено се одбележа на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ со постројување на припадниците и вработените во МО и АРМ.